Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за Иницијативата која ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за Референдум и потенцираше дека во законот точно стои дека таа се поднесува до претседателот на Собранието. Ковачки исто така посочи дека власта сето ова го прави затоа што сака да го опструира Референдум бидејќи се свесни дека народот не е на нивна страна и народот треба да си го искаже своето мислење на Референдум.

-При конструирањето на прашањево беа консултирани голем број на правни експерти, луѓе кои што си ја познаваат работата и ја познаваат проблематиката во врска со Референдумот, така да на тој начин е и конструирано прашањето, на тој начин е и поднесена самата Иницијатива. Во Законот во член 67 точно стои до кого се поднесува таа Иницијатива, ете ако е тоа што тие кажуваат дека не стоело, дека е поднесено Иницијативата до претседателот на Собранието на Република Македонија, точно ќе видите дека во законот многу добро стои дека се поднесува до претседателот на Собранието, значи по закон е поднесена Иницијативата. Доколку тие имаат политичка волја да го опструираат Референдумот, а веројатно дека имаат политичка волја да го опструираат, тие може да изнаоѓаат разноразни начини и форми да го тоа условуваат, да го отфрлат и така натаму. Свесни сме зошто тоа го прават, тоа го прават од едноставна причина затоа што и тие се свесни како и ние што сме свесни дека народот не е на нивна страна, дека конечно е дојдено времето за освестување  и дека народот треба да си го каже своето на Референдум. Дали може да не ја поминат Иницијативата во Собранието, да можат, истакна Ковачки.

Пратеникот Ковачки во текот на своето гостување кажа дека доколку СДСМ ја прифати Иницијативата тие ќе мора да излезат да му објаснат на народот што и зошто ќе гласа, зошто треба да се подржи Бугарскиот предлог, зошто треба да има Бугарска историја во учебниците, зошто треба да се бугаризираме.

-Доколку СДСМ ја прифати Иницијативата тие ќе мора да излезат да му објаснат на народот што и зошто ќе гласа, зошто треба да се подржи Бугарскиот предлог, зошто треба да има Бугарска историја во учебниците, зошто треба да се бугаризираме. Тоа ќе треба да и го објаснат на македонската јавност, во случај доколку прифатат да се оди на Референдум. Но меѓутоа да одбијат да одиме на Референдум мислам дека тука ќе ја демонстрираат тоа што ние тоа цело време го зборуваме дека станува збор за еден авторитарен режим каде што не се почитуваат законите и јас искрено се надевам дека до тоа нема да дојде, верувам дека ќе преовладе разумот кај власта и дека ќе дозволат граѓаните да се изјаснат на Референдумот, додаде Ковачки.