Премиерот Ковачевски се’ уште го нема разрешено директорот на ДБКИ за кого има сомнежи дека земал мито за упатување на лица во мисија во Брисел, посочува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус
А погледнете до каде оди дрскоста на директорот:
Денеска, на 13 септември, директорот на ДБКИ требало да се појави во обвинителството заради давање на исказ поврзан со земање на мито за упатување на лица на мисија во Брисел.
Меѓутоа, според тоа што до нас го доставија лица кои сакаат да останат анонимни, директорот на ДБКИ воопшто не се појавил затоа што истиот уште пред 2 дена, заминал во Копенхаген, Данска, на службен пат.
Ете толку од почитта кон македонските институции на директорите поставени од оваа Влада.
Инвентивно, нема што.
Сепак е помудар потег да избегаш од распит, отколку како оној потег на директорот Муареми кому откако му покренаа постапка за слично дејание, и’ поднесе кривична на обвинителката што се осмелила да поведе постапка.
Или можеби не?