Што се однесува до Алтернатива тие доколку влезат во Владата на Социјалдемократскиот сојуз и на Зоран Заев практично ќе докажат дека ги напуштаат принципите за кои што се бореле и за кои што се формирани. Колку што јас знам тие се формирани и базираат на принципите за борба против криминалот и корупцијата, и владеењето на правото, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.
Ковачки додаде дека во Владата на Заев ниеден од граѓаните не гледа владеење на правото, а доколку Алтернатива влезе во истата Влада треба тоа да им го објасни на своите гласачи затоа што тие гласачи се антикриминални гласачи и тие гласале за Алтернатива односно гласале против ДУИ.
-Искрено не верувам дека ќе донесат подобро на граѓаните затоа што не може тие што беа проблем и што ги донесоа проблемите во Република Македонија односно ја фрлија Македонија во оваа состојба во која што се наоѓаме, не можат истите тие да бидат решение на тие проблеми, нагласи Ковачки.
Ковачки посочи дека не гледа промени во Социјалдемократскиот сојуз. Во партијата тие може што сакаат да прават, но на државно ниво тоа и како ја интересира ВМРО-ДПМНЕ. Доколку Социјалдемократскиот сојуз односно Зоран Заев се повлече и стави свој човек, своја марионета на тој т.н. престол тогаш нема да се подобри владеењето ниту пак животот на граѓаните затоа што во моментов ја имаме првата постава на Социјалдемократскиот сојуз која што владее со Македонија и ја доведе оваа состојба во која што се наоѓа државата моментално.
-И сега доколку таа прва постава се тргне, а најверојатно ќе се тргне ќе влезе втората постава на Социјалдемократскиот сојуз. Е, сега ја имате втората постава на Социјалдемократскиот сојуз во Владата и ја имате првата постава на ДУИ, веројатно ќе ја имате и првата постава на Алтернатива, и прашање е како таа Влада ќе опстои затоа што ќе биде уценета, укажа Ковачки.
Ковачки рече дека единствено решение се брзите предвремени парламентарни избори.