„Денеска продолжуваме со акцијата односно со кампањата „Ова е Македонија за сите“ и денеска се наоѓаме во општина Македонска Каменица во посета на населените места Луковица, Тодоровци, Мошница и Саса. Тука сме изворно да слушнеме од граѓаните кои проблеми ги мачат за да дадеме предлог решенија за во нашата програма за следните парламентарни избори“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник при средбата со граѓаните која е дел од теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.

Ковачки додаде дека со оваа власт Македонија се празни, односно белата чума се поголем замав зема во земјава.

А, сето тоа е последица на системот кој што не функционира односно за немањето на еден здравствен систем, образовен систем, немање на еден правосуден систем кој што ќе ја гарантира правдата за сите граѓани во Република Македонија, нагласи Ковачки.

Тој посочи дека европската перспектива која што ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз ја заговараат и ја нудат на граѓаните е само бледа фарса за покривање на нивните криминални дејанија. Дејанија од кои што гледаме дека се оградуваат и европските институции. Односно се виде дека се укинаа парите за изградбата на болницата во Штип која што е неопходна за граѓаните.

И гледаме дека ЕУ предупредува на злоупотребата на европското знаменце посебно за најкриминалниот тендер во историјата на Република Македонија кој што го потпишаа Артан Груби и Димитар Ковачевски, потсети Ковачки.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е тука да каже дека не се сите исти и дека ќе понуди решенија за сите Македонци, за сите Албанци, Турци, Власи, Бошњаци итн. Затоа што ова е Македонија за сите луѓе.