Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во рамките на активностите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Делчево поточно во местата Бигла и Габрово каде јасно потенцира дека иако власта ветуваше живот за сите и европски вредности, за жал од тоа денес нема ништо.
-Денеска се наоѓаме во општина Делчево, во посета на населените места Бигла и Габрово, тука сме да видиме дали животот кој што го ветуваа дали е дојден и тука сме да видиме дали дојдоа европските вредности кои што ги ветуваа. За жал од европските вредности гледаме дека нема ништо, а владата на ДУИ и СДС предводена од Ахмети, Артан Груби и Ковачевски е најголемиот кочничар на патот на Македонија кон ЕУ, рече Ковачки.
Ковачки во текот на својата посета укажа дека Европа не сака криминалци како СДС и ДУИ и затоа потребни се промени односно избори каде ќе се претстават нови луѓе кои ќе донесат енергија и свежа сила во земјата.
-Не може преку злоупотреба на европското знаменце да се крадат пари и за тоа никој да не одговара. Никој не сака да седи во Европа на маса со криминалци и со корумпирани политичари. Ова мора да се промени. На Македонија и се потребни избори, на Македонија и се потребни нови луѓе, свежа сила, енергија, луѓе којшто ќе знаат да се соочат со проблемите. Тука сме во овие населени места да ги слушнеме проблемите на граѓаните, порача Ковачки.