Шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите посочи дека државата ги решила своите егзистенцијални прашања, внатрешно се консолидирала по однос на функционалната демократија и меѓуетнички односи, си ги средила односите во соседите, се етаблирала меѓународно. По ова се огласи Драган Ковачки, кој на својот фејсбук профил порача борбата против корупцијата да почне решавање на милионскиот криминал направен во министерството за здравство кога министер беше Османи.

Да. Добро е што тоа го препознале. Еве и дополна👇
Во таа борба со корупцијата ќе почнеме со решавање на милионскиот криминал направен во министерството за здравство додека министер бил Бујар Османи и со продажбата на земјиште во строг центар на Скопје по цена од 400 денари за квадрат, во надлежност на министерство на финансии, а за потребите на ДУИ – стои во статусот на Ковачки