Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз. Договорите за набавка на леб и вода за војската се истечени, а во меѓувреме нови не се склучени, обвинува Драган Ковачки.

-Како ќе го надминат проблемот со недостаток на леб? Од МО прават обиди досегашниот доставувач на леб да продолжи да врши достава иако рокот во договорот е веќе е истечен (!?). Инаку, без организиран превоз останаа и војниците на релациите Скопје-Велес; Пробиштип-Скопје; Куманово-Штип; Битола-Прилеп-Велес; Струмица-Петровец; Делчево, Берово – Штип; но тоа веќе стана нормална состојба – the new normal. Министерот г-ѓа Славјанка Петровска е должна да и’ одговори на македонската јавност кој и зошто дозволил да се стигне до оваа состојба и зошто пред месец или два не склучени нови договори за леб, вода и превоз. Дали конечно некој ќе понесе одговорност? Овој однос кон војската е недозволив, порача Ковачки.

Тој посочува дека во 21 век да се гордеете дека сте членка на НАТО, а притоа да си ја оставите сопствената војска без леб и вода, не е ништо друго, туку негрижа и неспособност.

-Ова е срамот, бедата и јадот по кој ќе биде запаметена оваа антидржавна нелегитимна гарнитура на власт, посочи Ковачки.