Гледам дека мнозина Џабири и неколку перјаници на СДС оркестрирано се загрижија за Самитот на ОБСЕ.

Добро е што ревносно ги следат сите мои постови, па и оној редок случај кој откако приметив дека фотографијата не е вистината веднаш го избришав. Постот траеше 3 минути, ама срамот на оваа власт, маката и пљачката на граѓаните трае 7 години, напиша на социјалните мрежи пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Независно од ова, за жал не сум разубеден дека оваа околност може да влијае барем за миг да им проработи совеста на сите клонирани Џабири по интернет просторот конечно да престанат да ја фалсификуваат реалноста во прилог на СДС и ДУИ, или не дај Боже да се извинат за сите злодела, напади и омаловажувања против граѓаните на слободна Македонија во овие 7 години политичка диктатура, напиша тој.