На прес-конференција утре во 11 часот ќе објавиме детали за назначувањето на Зарко Милошевски на чело на АНБ, неговата поврзаност со случајот Онишченко и врските со СДС, најавува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
-Детали и факти за човекот кој што 7 години е одговорен за безбедносните проверки, а со тоа поврзан со сите големи збиднувања на безбедносно поле во државата откако СДС е на власт.
Следете во живо на фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ, утре во 11 часот, пишува Ковачки на Фејсбук.