Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, вечерва во Алфа телевизија, во врска со исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи, истакна дека одредени структури имаа извршено влијание врз Реџепи,а со ваква „киднапирана“ волја нема европски вредности, ниту пак ЕУ.
Ковачки посочи дека она кое пратеникот Кастриот Реџепи го направил па згора на се пишувањето на Фејсбук статуси, како и видео обраќања на празен бел ѕид е недолично однесување за еден пратеник, затоа што пред се тој е народен избраник и своите ставови треба да ги истакне во парламентот, особено ако сте потписник на иницијативата за недоверба на Владата, треба да се биде присутен во Собранието, посочи Ковачки.
– Ние видовме дека одредени структури имаат извршено влијание врз пратеникот Реџепи и тоа можеше да се согледа од неговиот настап, за да одлучи како што одлучи, односно човекот под притисок или денеска да биде најуценетиот човек во земјава, којшто го кажува она коешто друг го мисли, вели Ковачки.
Тој смета дека не станува збор само за уцени, туку дека веројатно е можно да станува збор и за некоја сума на пари која си ја има завршено работата, што како чин веќе станува се почесто да се уценуваат луѓе, па и да се вадат од притвори за да гласаат одредени одлуки на Зоран Заев, што е драстично понижување на волјата на граѓаните.
– Ако сите тежнееме кон ЕУ и европските вредности како што кажува уценетиот пратеник, со „киднапирана“ волја , ќе наидеме на пречка затоа што вакви чинови се се’ само не европски вредности, рече Ковачки.
За сето она кое се случуваше во четвртокот во Собранието Ковачки вели дека било сценарио на Зоран Заев кое било добро осмислено.