„Иако се поминати 22 години од случувањата во 2001 година се уште имаме едно 17 семејства на загинати бранители кој не се обештетени и има некаде околу 30-тина воени инвалиди кои исто така не се обештетени и ние предложивме измени и дополни на законот“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Телевизија Алфа.
Тој посочи дека власта го одбила нивниот предложен закон и не сакала да разговара воопшто на таа проблематика.
„Не е коректно ова што им се случува на семејствата државата мора да изнајде начин како тоа да го реши со обештетувањето на бранителите затоа што тие луѓе поминале во војна не затоа што сакале, туку затоа што државата ги пратила“, истакна Ковачки.
Ковачки посочи дека тука очигледно СДСМ е уценета од ДУИ.
Тој додаде дека во периодот кои претстои по промената на власта ние ќе изнајдеме начин и решение ќе има.
„Мораме да изнајдеме начин како тие луѓе да ги обештетиме и ќе ги обештетиме. Ние навистина сакаме да ги обештетиме тие луѓе и нема на тоа да тераме политика. Тоа кога тоа ќе го направиме нема да правиме политиканство на тоа“, дециден е Ковачки.