Во Израел денеска за првпат стартува вежба со дронови (!)Истите такви дронови Оливер Спасовски во МВР ги исфрли од систематизација (ги исфрли од употреба) и буквално ги фрли во гаража, пишува на „Фејсбук“, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Интегралната објава ја пренесуваме во продолжение:
Заради неспособност изгубивме скапо платен капацитет. Кога викам скапо платен капацитет, мислам на милиони евра.
За да биде трагедијата поголема, откако овие дронови ги исфрлија од систематизацијата на МВР, склучија договор за нивно одржување (исто така сумата е милионска). Значи, парите за одржување се платени, а услугата не е реализирана затоа што леталата се фрлени во гаража.
Во цел свет државите ги модернизираат своите капацитети, а ние ги исфрламе од употреба.
Ова е врв на неспособноста и недомаќинското однесување кон државните ресурси.
Додека Министерот за внатрешни врши обиколка на македонските средини и промовира проекти од типот :”пуштање на чешма на сред село”, нека се пронајде во доделената државна функција како министер и доколку барем малку сака да биде одговорен кон безбедноста за која е задолжен, нека го послуша ПРЕДЛОГОТ:
Доколку скапо платените летала не Ви требаат во МВР, предајте ги во Министерство за одбрана. Таму секако чекаат на донации.