„Жално е што Славјанка Петровска ужива во театарот кој што сама го прави, но во оваа држава време е за резултати.“

„Дали Петровска го поднела дописот до МВР на Спасовски или било која друга институција е ирелевантно.

Петровска вчера призна дека во МО се зема мито за испраќање во мисија или вработување.

Петровска може да продолжи да ја игра главната улога во театарската претстава до последниот чин, каде конечно ќе ја поднесе оставката, која е единствена нејзина обврска.“ , објави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во реакцијата.