Гледајте каква поразителна теза на лидерот на Алијанса на Албанците:
Ќе се загрозела европската перспектива и ќе имало радикализација на Албанците ако Бугарите не биле внесени во Уставот.
Ало бре Таравари!
До кога мислите дека Македонците ќе трпат вакви простодушни закани?
Вие Таравари сте неблагодарен политичар.
Се прашувате ли како на овој Ваш став реагираат Македонците?
Зошто непотребно долевате масло на огнот?
Наместо да зборувате за проекти за патишта, градинки, болници итн. Вие безуспешно играте на етничка карта каде неприкосновени се ДУИ.
Го спасувате Али Ахмети, не нудите подобар живот и згора на тоа се заканувате. Ова води на заклучок дека сте купени.
*Прочитајте ја приказната за свињата што го барала жирот во корењата на дрвото.
**Имате одброени денови во власт на ДУИ, а броените денови брзо минуваат.
Најголема закана за европскиот пат се ДУИ и СДС чијшто слуга сте Вие.
Интегрален текст од Фјесубк статусот на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки