На 18.04.2022 година по итна постапка, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе Предлог – закон за измени на постоечкиот Закон за Служба во Армијата на Република Македонија. На 10 Мај, на седницата на Собранието на Република Македонија, владеачкото мнозинство тој предлог на Закон да биде ставен како точка на дневен ред го одби. Имено, против гласаа и пратениците кои порано биле дел од Армијата на Република Македонија, а тоа се и генералот во пензија Илија Николовски од Партијата на Пензионерите и мајорот Талат Џафери кој дури беше и министер за одбрана. Значи поранешните старешини си гласаа против својата војска, обелодени денес Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение:

Со ова власта го покажа своето лицемерие и покажа дека е против:

Решавање на статусот на вработените кои веќе 19 месеци чекаат решение за нивниот статус и заминување во пензија,
Исправање на неправдата кон веќе заминатите во пензија и кои заминале по понеповолни услови од нивните колеги,
Помош на професионалните војници со парични средства кои после 45 години ја напуштаат АРМ,
Департизација на АРМ и враќање на ингеренциите на Началникот на Генералштаб што му ги одзема претходниот министер Шеќеринска.
Во услови кога на исток во Европа имаме војна, чиј развој не може да го предвидиме, неодговорно е власта да создава криза во АРМ и е неодговорно да гласаш ПРОТИВ решавањето на статусот на припадниците.

Нашата пратеничка група не се откажува од изнаоѓање на решение за овие проблеми и без разлика што активната блокада на Собранието е започната, денеска врз основа на член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, повторно го поднесуваме Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Исто така, бидејќи оваа неспособна и неодговорна власт ја дотера инфлацијата на повеќе од 10% и парите ја губат својата вредност, сакаме да ja информираме јавноста дека како пратеничка група ќе бараме:

Зголемување на платите на сите вработени во АРМ и МО за 10% на ист начин како што тоа го бараме за МВР
Зголемување на дневницата на 2000 денари, на ист начин како што тоа веќе го направивме за МВР и безбедносните служби.
Неспособните кои ја создадоа оваа состојба, мора да имаат слух за тоа што го предлагаме.

Ако се свесни дека од незнаење и ловење на дневен пијар преку импровизација ја упропастија АРМ и ги понижија нејзините припадници, тогаш нека послушаат и нека прочитаат какви решенија предлагаме.