Димитар Ковачевски се прави како паднат од Марс. Но од ДУИ почнаа да прават толку скандали што глумењето дека не е од тука и не му поминува. Ако не знаел за Мерко, не знаеше за дуќанот на братот на Груби, дали сега ќе каже дека не знаел и за внукот на Али Ахмети кој ја купи деловната зграда Соравиа во строгиот центар на Скопје, чија пазарна вредност е од 25 до 30 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

Да почнеме со ред, во текот на вчерашниот ден официјално и Соравиа груп и Певлаку ШПК, партнер на Тор Индустриес на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, потврдија дека Павлеку ШПК и Тор Индустри ја купиле деловната зграда Соравиа.

Дрин Ахмети, е син на братот на Али Ахмети. Тој е основач на Тор Индустриес, основана во 2020 година и според информациите кои се објавени во медиуми нема прикажано профит.

Тор Индустриес е фирма која заедно со Павлеку ШПК од Тирана е нов сопственик на зградата Соравиа, ексклузивен деловен комплекс во центарот на Скопје.

Според јавно достапните податоци, Соравиа е со површина од над 15.000м2.

Досегашниот сопственик на деловната зграда на својата официјална веб страна има објавено податок, дека деловната зграда Соравиа е инвестиција од 25 милиони евра. Тоа се пари кои биле потребни за тој да ја изгради и пушти во употреба. Цената на деловен простор во центарот на Скопје, според информациите до кои дојдовме по извршено истражување кај повеќе фирми кои се занимаваат со недвижнини заклучивме дека е од 2.000 евра за м2 па нагоре.

Согласно јавно достапните податоци може да се заклучи дека внукот на Ахмети купил зграда која вреди од 25 до 30 милиони евра.

Ова е аларм за ЈО и ДКСК, но и за сите институции од областа на финансиското разузнавање, како УФР и Финансиската полиција и очекуваме истите веднаш да отворат истрага.

Институциите се должни да го утврдат потеклото на парите за купување на луксузната деловна зграда Соравиа.

А, Ковачевски да каже дали и за внукот на Ахмети ќе премолчи, или конечно ќе побара одговорност.

Додека Али, Груби и останатите се дел од власта, нивните семејства се стекнуваат со мултимилионски имоти. Додека народот се иселува масовно, роднините на функционерите на ДУИ градат бизнис империи. Ова е една од главните причини, зошто ВМРО-ДПМНЕ се бори за ДУИ да оди во опозиција.