Нашата проценка е дека единствен излез од оваа криза во која е западната т.е фрлена оваа криза од Зоран Заев и неговата екипа, која реално доведе до никаква и погубна состојба во државата, имаме енергетска криза, имаме економска криза, здравствена криза која никако да заврши, состојба која е затворен круг од кој како да нема излез, а човекот кој што не доведе до оваа состојба не може да биде и решението на овие кризи, посочи вечерва во Алфа телевизија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Ковачки вели дека не може Заев да е решението на кризите кога тој е причината, иако сега самиот се труди да наметне дека Владата ќе остане во изменет состав на СДСМ, но не станува збор само за луѓето кои се на власт, туку за нивните политики кои се увиде дека се погрешни и не се доволни да се излезе од кризата, смета Ковачки.
Затоа бараме предвремени парламентарни избори во најкус можен рок, колку што тоа го дозволуваат законите, а овие луѓе во Владата не можат да продолжат да ја водат државата затоа што граѓаните јасно се изјаснија во двата круга од локалните избори со 100 000 гласови разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, што е прегазување, а народот гласаше против Заев и неговите политики, а ја препозна иднината од ВМРО-ДПМНЕ, која има кадар да ја извади Македонија од кризата, истакна Ковачки.