Коронавирусот е вирус кој првенствено ги напаѓа белите дробови. Но освен нив, таа може да ги нападне и бубрезите, срцето итн.
Ковид-19 може да ги нападне клетките на срцето и белите дробови бидејќи тие се покриени со површински протеини. Кога ткивата во телото се оштетени, без разлика дали се работи за инвазивен вирус или нешто друго, природниот одговор на организмот е да испушта воспалени молекули во вид на мали протеини наречени цитокини. Тие се испуштаат во крвотокот.
Проблемот е во тоа што коронавирусот предизвикува пресилен одговор на имуниот систем, кој потоа освен заразените клетки го напаѓа и здравото ткиво.
Оштетување на црниот дроб и откажување на бубрезите
Црниот дроб произведуа ензим кој ги забрзува хемиските процеси во нашето тело. Во здрав организам клетките на црниот дроб постојано умираат и ослободуваат ензими во крвотокот. Проблемот настанува тогаш кога ензимите ќе го преплават крвотокот, што било случај кај пациентите болни од САРС и МЕРС. Тогаш се гледа силно зголемен црн дроб. Среќа е што овој орган има способност за саморегенерација, така што, вирусот не може трајно да го оштети.
Како и црниот дроб , така и бубрезите имаат задача да ја прочистуваат крвта. Додека крвта се филтрира низ бубрезите, клетките можат да го заробат вирусот, што резултира со лесна клиничка слика кај пациентот, но доколку вирусот ги пробие клетките, почнува да се размножува и создава оштетување на каналите, кое е опасно по живот.
Цитокинската бура која се создава за време на заразувањето со Ковид-19 освен оштетување на срцето, црниот дроб, бубрезите, може да предизвика и оштетување на мозокот, па оттаму можеме да заклучиме дека губењето на чувството за мирис и вкус, кои се дел од симптомите, можеби настанува како резултат на оштетување на нервниот систем и дел од мозокот.
Не е се така црно
Иако во моментот не постои лек за овој вирус, сепак кај многу луѓе доаѓа до комплетно заздравување, а црниот дроб и бубрезите ја сочувале способноста да се вратат во нормала. Трајното оштетување се случува во многу ретки случаи.