Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу новозаразени со КОВИД-19 има во Скопје – 166, по што следат Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2, Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1.

Регистрирани сe 208 оздравени пациент од: Скопје – 90, Охрид – 37, Куманово – 17, Штип – 13, Велес – 10, Битола – 9, Кавадарци – 7, Крива Паланка – 5, Неготино – 4, Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Кичево – по 2.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица. Тројца починати се од Скопје (51г, 64г и 85г), по двајца починати има од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.754 тестови преку: ИЈЗ-186, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-35,
ЦЈЗ Тетово–45, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–203, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-134, Биотек-116, Систина-32, лабораторија Лаор-161, Синлаб-8, Ремедика-19, Плодност–54, Генеа-2, Никоб лаб-203, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-17, Ројал Медика –26, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.

Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.