Вкупно 56 сообраќајни знаци во околината на Прилеп „исчезнале“ зимава, било пријавено вчера во прилепската полиција.
„На 06.03.2023 во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од октомври 2022 година до 03.03.2023 од магистрален пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп – Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионален пат Прилеп – Крушево биле одземени 11 знаци“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.