Полициски службеници вчера во Велес го привеле М.З.(30), кој бил затекнат при обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“.
Како што соопштија од МВР, по преземени мерки било констатирано дека тој на 10.12.2022 од истата црква одзел пари.
Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.