Крај на Македонија како ,,стечајна маса” разграбана од директори, најавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски откако вчера неговата партија ја објави програмата за настап на изборите.
,,Граѓаните вчера ја видоа програмата на ВМРО-ДПМНЕ, којашто е темел за огромна изборна победа и чин кога народот расчисти со СДС/ДУИ.
👉Македонија како една изборна единица;
👉Функционален парламент со 90 пратеници, наместо 120;
👉Реорганизација, отворање и измени на министерства и институции;
👉Укинување на позиција заменик директор, намалување на управните и надзорни одбори и намалување на бројот на нивни членови.
Ова се зафати коишто само ќе ја прилагодат Македонија на современието, ќе одговорат предизвиците, а ќе направат услови за реален исчекор кон вистински развој”, пишува Стоилковски кој вели дека без вакви суштински резови, без ваква нова “систематизација”, Македонија би останала на левел на функционирање на Македонски пошти, Македонски шуми, Македонска железница или други јавни претпријатија.
,,Последната, за жал, има 7 директори, а ниеден воз. Фрлени пари во бунар.
За оние коишто не сакаат да разберат, ќе се обидам попластично да доловам. Тоа се оние коишто со “Застава 101” се фалат за трка со болиди на Формула 1. Едноставно, не може.
И лично, јас веќе влезен во шестата деценија на животот, ова е прв пат да видам да се планира ваков принцип на една партија наместо само заземање на фотељи, истите оние од пред повеќе од 30 години.
Заврши времето во кое Македонија ја гледаа како “стечајна маса” чијшто директори лапаат огромни плати, а фирмата едноставно е нефункционална.
Доста е од лажни пророци, доста е од лажни владини “камшикари” и владини “доброоднесувачи” како некаква реформа, а се е нефункционално.
Толку.
Доста е”, пишува Стоилковски.
🟥⬛Време е за #ЛуѓетоНаПрвоМесто со #Платформа1198 на #ВМРОДПМНЕ