Ќерката на принцот Хари и Меган која веќе влезе во историјата како првото дете на високи членови на британското кралско семејство родено во Америка, ја запозна кралицата преку „Зум“.

Според неименуван извор за списанието „People“, војводата и војвотката од Сасекс, „беа многу возбудени и едвај дочекаа да споределат дека нивната ќерка пристигнала на свет“ веднаш штом се вратиле од болницата „Santa Barbara Cottage“, која е недалеку од нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

Кралицата била запознаена со името на својата правнука уште пред нејзиното раѓање, чиј прекар од детството бил инспирацијата за принцот Хари и неговата сопруга. Средното име на Лили тие го позајмиле од мајката на принцот, почината принцеза Дајана.