Порака од Москва – Внимателно со нуклеарната реторика – тоа е пат од кој нема назад!

Москва испрати порака за претпазливост во изјавите што се однесуваат на нуклеарното оружје и нуклеарната реторика. Според Москва треба да се пристапува Внимателно со нуклеарната реторика. Реакцијата е по објавата на  Доналд Трамп дека наредил преместување на две американски нуклеарни подморници. Веста прво ја пренесе Индепендент.

Трамп во петокот кажа дека подморниците се преместени во „соодветни региони“.

Потегот дојде веднаш по онлајн коментарите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој предупреди за ризик од директна војна меѓу САД и Русија – две држави со нуклеарен арсенал.

„Американските подморници и онака се во состојба на борбена готовност – тоа е вообичаен процес. Не сакаме да влегуваме во полемики и не планираме дополнителни коментари. Но, сметаме дека сите треба да бидат исклучително внимателни кога зборуваат за нуклеарни теми,“ рече Песков.

Тој нагласи дека Кремљ не ја гледа изјавата на Трамп како сигнал за ескалација на нуклеарните тензии.

На новинарско прашање дали му било укажано на Медведев да го намали тонот во онлајн расправијата со Трамп, Песков не даде директен одговор.