Ембарго на увозот на руска нафта што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, поред медиумите изјави дека ембаргото за нафта е „одлука што ќе ги погоди сите“.

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на разговори за проширување на санкциите против Русија, меѓу кои и за забрана на увоз на руска нафта.