Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев за „воени злосторства“ во разговорот со неговиот француски колега Емануел Макрон, нагласувајќи дека Москва прави „се што е можно“ за да избегне смртни случаи на цивили во Украина.
– Привлекуваат внимание бројните воени злосторства што секојдневно ги вршат украинските безбедносни сили, особено масовните ракетни и артилериски напади врз градовите во Донбас, соопшти Кремљ за телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.
Путин му рекол на Макрон дека руската армија „прави се што е можно за да ги заштити животите на мирните цивили, вклучително и со организирање хуманитарни коридори за нивна безбедна евакуација“.