Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, денеска бил повикан на информативен разговор во полициската станица Карпош во Скопје. Eксминистерот од редовите на ДУИ треба да одговори за процесот на издавање на нелегалната лиценца за работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во оваа трагедија во катастрофален пожар загинаа 59 лица.

(ФОТО) Еве ја нелегалната лиценца која коруптивно била издадена на дискотеката во Кочани

Според истрагата, дискотеката добила фалсификувана дозвола во времето кога министер за економија бил Бектеши. Иако претходно неколку пати ѝ бил одбиен бараниот документ поради несоодветни безбедносни услови.

Полициските служби засега не откриваат повеќе детали, но се очекува во наредните денови да има дополнителни информации за можното учество на поранешни функционери во процесот на незаконско издавање на дозволата. Истовремено, Министерството за внатрешни работи веќе приведе повеќе лица во врска со овој трагичен настан, а истрагата продолжува.

Извор: Република