Осомничената на 4.12.2021 година, околу 12:00 часот, во својот дом во Куманово, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – хероин во вкупна маса 4,31 грама. Откако претходно ја набавила наркотичната дрога од засега непознато лице, таа дрогата замотана во полиетиленско пакување ја скрила во кутија од цигари ставена на тераса, на прозорот од дневната соба.
При претресот службените лица пронашле и дигитална вага.
Судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово го прифати предлогот на обвинителството и ја определи предложената мерка притвор во траење од 30 дена.