Полициски службеници уапсиле лице од скопско Батинци барано со централна потерница за сторени кривични дела, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје синоќа во 22:15 часот на улица „Ленинова“ во Скопје, го лишиле од слобода Б.Р. (24) од село Батинци, скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за спроведување истражна постапка, поради сомнение за сторени кривични дела по член 258 и член 141 од Кривичниот законик, посочуваат од МВР.
На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.