Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски, во анализа за КУРИР, остро ги критикува ДУИ и Али Ахмети, обвинувајќи ги за криминален геноцид поврзан со трагедии предизвикани од корупција. Тој тврди дека нивниот етнички национализам служи како заштита од кривичен прогон и повикува да излезат на улица за да се разоткријат виновниците за жртвите во изминатите години.
Криминален геноцид: Целосна изјава на Стефановски
„Етничкиот национализам кои го промовира ДУИ и Ахмети како модел за заштита од кривичен прогон е иредитизам и лично шовинизам сам по себе. Тоа нема никаква врска со ЕУ, САД, НАТО и зелена агенда. Тоа се побуди и страсти познати во 18 век, но и тогаш побудите не биле заради заштита на криминал. Улицата не е само за уличарите и тоа воопшто не е страшно за никого и тоа денес нема да исплаши никого и со ништо. Барем не после трагедијата во Кочани.
Можеби ДУИ и Ахмети треба да прошетаат заедно со сите оние кои во нивно време ги изгубија животите во Модуларната болница во Тетово, во Ласкарци или пак од Беса Транс. Десетици и десетици мртви на контото на ДУИ. Ќе излезе ли ДУИ и Ахмети, Али или Дрин сеедно? Ќе имаат ли образ да ги погледнат во очи (не знам дали ќе може и Таравари, но за тоа потоа во друга прилика). Се разбира, одговорот на овие прашања е комплициран. Една многу едноставна премиса вели дека на некои прашања, одговори се даваат со текот на времето, бидејќи исти појави низ историјата се третираат различно, некаде како криминален геноцид некаде како злодело против општеството некаде како чист политички примитивизам. Во овој случај од се помалку. Но, оваа последната изјава за излегување и невраќање од улица може и да е добар чекор. Можеби веќе ДУИ не е потребен во институциите, бидејќи кога е има повеќе мртви отколку во војна.
Овој примитивен начин на разбирање на политичкиот етнонационализам е тесно поврзан со создавање на антагонизам. Но, антагонизам кон ДУИ, Ахмети и се што шета околу штабот во Мала Речица. Затоа ДУИ и Ахмети денес треба да се доживеат како синоним за создавање на нешто најстрашното, а тоа е смрт на невини човечки животи заради корупција. Дали треба да излезат на улица, па според мене ДА, за убаво да се откријат сите лица виновни за трагедиите изминативе години. Им се плаши некој!? Секако дека НЕ.“
Контекст на анализата
Стефановски го поврзува криминален геноцид со владеењето на ДУИ, посочувајќи ги трагедиите во Модуларната болница во Тетово, Ласкарци и Беса Транс, каде десетици луѓе ги загубиле животите. Тој тврди дека етничкиот национализам на Ахмети е штит за избегнување одговорност. Реакцијата следи по заканите на Ахмети дека ДУИ ќе излезе на улица ако поранешниот министер Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани. Стефановски смета дека излегувањето на улица би ги разоткрило виновниците и не претставува закана за никого.
Извор: Kurir