По Леонардо Бонучи и Кристијано Роналдо поднесе тужба против Јувентус. За разлика од Бонучи, кој тврди дека клубот го нарушил неговиот углед, Роналдо по судски пат сака од „старата дама“ да наплатаи 19.900.000 евра.

Сумата која ја побарува Роналдо е како што тврди тој, се заостанати плати што не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус. Денеска адвокатите ја доставија целата документација до ствот во Торинбо и започнаа постапка против Јувентус.

Претходно истото го направи Пауло Дибала, кој се договори со Јувентус веднаш да му исплати три милиони евра плата. Со оваа тужба Роналдо сака да ги земе парите што требало да ги добие според договорот. Претходно тој се договорил со Јувентус да ја одложи исплатата за периодот по пандемијата.