Кошаркарките на Крива Паланка се радуваат на првиот трофеј од кошаркарскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“, откако во финалниот натпревар го совладаа составот на Баскет Кам со резултат 63-51.

Екипата на ЖКК Баскет Кам во продолжението од натпреварот се обиде да фати резултатски приклучок и да се врати во игра, но не успеа да пронајде соодветно тактичко решение за играта на противникот. Крива Паланка искусно и сигурно ја одржуваше стекнатата предност во текот на последните две четвртини, па на крајот сосема заслужено стигна до победата и го подигна пехарот со конечни 63-51.

Прво име кај победничкиот состав на паркетот беше Гордон, која оствари импресивен учинок од 23 постигнати поени, осум скокови и четири асистенции.

Во редовите на ЖКК Баскет Кам најдобра поединечна партија прикажа Адамовска, која средбата ја заврши со 21 поен и девет скокови.