Осомничена за кривичното дело „бесправно градење“ е 74-годишна жителка Љ.Н од ова село на која ОВР Струга и поднесе кривична пријава.

Како што информираат од МВР, Љ.Н. во текот на минатата година, како инвеститор, на катастарската парцела во селото, без соодветна документација, изградила викенд куќа.

-Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на нелегалната градба, стои во дневниот Билтен на МВР.