СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б.(23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед извршен кај месноста „Навис“ во атарот на охридското село Велгошти, полициските службеници кај него пронашле марихуана.