СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.
На 27.01.2022, кај селото Подмолје при контрола на патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски таблици, управувано од пријавениот, а во сопственост на правно лице од Охрид, полициски службеници констатирале дека врши превоз на патници на релацијата Охрид-Струга без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.