СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(63) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, вработен како директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање на диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.
На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување.