ОВР Струга поднесе кривична пријава против З. А. (50) од село Заграчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
При извршен претрес во неговиот дом на 11.05.2020, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 18 патрони – муниција за ловечка пушка кал. 16 мм и смола од хашиш.