СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Т.(61) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
Како што информираат од МВР, на 13.10.2022 на регионалниот пат Тетово-Јажинце, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што констатирале дека тој врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.