Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава против скопјанецот З.А. (31), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и 3 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
– Во текот на 2021 година, пријавениот со фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „Фолксваген Пасат“, кое го земал на користење од негов пријател, а кој пак, го имал закупено возилото од рентакар агенција, го заложил како гаранција во финансиско друштво за одобрување парична позајмица во износ од 360.000 денари, појаснуваат од МВР.