ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против Г.Н. (26) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 25 мај оваа година, околу 22 часот, при преглед извршен во Кичево на патничко-моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувал Г.Н., било пронајдено и одземено пакување со марихуана, информираа од СВР-Охрид.