ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што појаснуваат од МВР, на 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил.