Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 15-ти мај годинава на улицата „Доне Божинов“, тој бил затекнат без да има дозвола за движење за време на забрана за движење населението, соопштија од СВР Куманово.
СВР Куманово поднесе кривични пријави и против А.Н.(29) и А.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените на 16 и 19-ти април годинава биле затекнати без дозвола за движење за време на забрана за движење населението.