Пријавените на 16.09., на 18.09. и на 24.09.2021 на Граничен премин „Табановце“ приложиле фалсификувани ПЦР тестови.
Кривични пријави за 4 лица, покажале фалсификуван ПЦР тест на граница
К
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против Р.Е.(50) од Липково, А.Е.(27) од Арачиново, А.Т.(33) од Батинци и К.С.(45) од с.Брест, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“