Напад со нож во хотел во близина на Коњско – напаѓачот веднаш приведен

Сериозен инцидент се случи на охридското крајбрежје, во близина на селото Коњско, каде што 43-годишен скопјанец со нож нападнал две лица вработени во хотелски комплекс. Настанот, кој се случил вчера, завршил со две повредени лица и уништен хотелски инвентар, а напаѓачот бил приведен од страна на полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот А.Д. прво вербално се расправал со персоналот, а потоа извадил нож и физички ги нападнал двајцата вработени. По нападот, продолжил агресивно да го оштетува инвентарот во хотелот.

Полициските службеници интервенирале веднаш. По кратка интервенција, А.Д кој извршил напад со нож во хотел, бил совладан, лишен од слобода и спроведен во полициска станица.

Повредените лица се пренесени на лекарски преглед. Засега не е објавено какви се повредите, но од МВР потврдуваат дека станува збор за сериозен инцидент.

Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. СВР Охрид работи на целосно расчистување на случајот.