На 11.03.2023 во 12.45 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во итната медицинска помош Крива Паланка во 12.10 часот од П.Д. било донесено со повреди нејзиното малолетно дете, кои, според пријавеното, по претходна расправија му биле нанесени со остар предмет (ножици) во нивниот дом во Крива Паланка од неговиот малолетен брат.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.