Насилство и хаос по убиството на водачот на картелот

Во Мексико, најмалку 74 лица загинаа, вклучувајќи 25 припадници на Националната гарда, поради операцијата во која беше ликвидиран водачот на картелот „Ел Менчо“. По неговата смрт, се прошири насилство во повеќе сојузни држави, предизвикувајќи хаос и несигурност.

Членови на картелот во знак на одмазда палеле автомобили и блокирале патишта, а исто така извршиле напади врз банки, бензински пумпи и продавници.

МНР ги повика македонските граѓани да ја напуштат Мексико

Македонското Министерство за надворешни работи вчера ги предупреди граѓаните да ја напуштат Мексико итно, поради високата опасност од насилство и криминални активности.