Поранешниот министер за економија се брани од слобода

Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, од вчера се наоѓа во куќен притвор. Кочанскиот суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор. Веста ја потврди и објава на официјалната Фејсбук страница со неговото име. Се наведува дека „секој изминат ден докажувал дека обвинувањата против него се неосновани и насочени кон дискредитација на чесна јавна личност“.

Бектеши ослободен по скоро два месеци

Бектеши беше приведен по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Под сомнение дека како министер издал лиценца без спроведена проверка на безбедносните услови. По речиси два месеци зад решетки, мерката му е заменета со куќен притвор. Иако е ослободен од затвор, постои уверување во јавноста и на социјалните мрежи дека станувало збор за неправеден и селективен процес.

Под истрага и други високи функционери

Според официјалните информации од Јавното обвинителство, истрагата опфаќа вкупно блиску 60 осомничени, меѓу кои се и тројца поранешни министри за економија, тројца градоначалници, како и повеќе директори, полициски службеници и сопственици на дискотеката и фирмата за обезбедување.

Сите се товарат за тешки дела против општата сигурност, казниви со затворска казна од најмалку три години. Истрагата е во завршна фаза и се очекува да биде комплетирана до средината на идниот месец, кога ќе стане познато и кои лица ќе се најдат на обвинителната клупа.

Во куќен притвор и државната секретарка

Покрај Бектеши, со иста мерка е опфатена и државната секретарка во Министерството за економија, Јасна Чекиќ Дуровиќ. Од Основниот суд во Кочани информираат дека за уште 18 лица се бара продолжување на притворите, а постапките за нив се сѐ уште во тек.

Резултатите од истрагата ќе бидат клучни за расчистување на одговорноста за една од најтрагичните несреќи во поновата историја на Кочани.

Извор: Сител