Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгоре ноќеска во пожар кој започнал после полноќ. При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица.
– Пожарот е пријавен во 00.42 минути во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација и ликвидација на пожарот до раните утрински часови. Повредени нема ни од мештаните од селото кои ни помагаа, ни од пожарникарите. Направена е голема материјална штета, информираше Ука Алити од ТППЕ Тетово.
Според информациите на Алити, во текот на интервенцијата спречено е пожарот да се прошири на други објекти.