Куќа каде што некогаш живеел Френк Синатра, се продава за 21,5 милиони долари. Таа се наоѓа во градот Чатсворт, на околу 50 километри од Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Познатиот пејач живееше во неа во 1950-тите. Домот е дизајниран од познатиот архитект Вилијам Переира, кој го дизајнираше и Уметничкиот центар „Кенеди“ во Вашингтон и облакодерот „Трансамерика“ во Сан Франциско.
Куќата има седум спални соби и девет бањи. Се користела и за снимање на серијата „Луди мажи“, филмот „Девојки од соништата“ и многу други. Ријана сними дел од видеоспотот за песната „B**ch, Better Have My Money“ во неа.
Синатра еднаш раскажа како Џуди Гарланд и Винсенте Минели тука ги обновиле своите завети таму, а Мерилин Монро, исто така, била една од честите гости. Резиденцијата е изградена на земјиште од речиси 14 хектари, коешто им обезбедува приватност на можните купувачи и идни сопственици.
Неодамна беа вложени милион долари за реновирање на куќата. Претходно, 2015 година, цената на ова здание изнесуваше 7,5 милиони долари.