Куќен притвор бара одбраната на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар кој е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка. Судија на претходна постапка пред неколку дена на барање на обвинителството му го продолжи притворот за 30 дена, како и на останатите осомничени во случајот Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски.

Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ вели дека свесен е оти постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.

Туфегџиќ за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.

Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија, смета Туфегџиќ.